НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА со три стории: Извршители сè уште им „висат“ над глава на граѓаните

0
By Менче Атанасова Точи on January 14, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Законодавниот дом прифати дел од барањата на неформалното здружение „Стоп на извршителите“, кои влегоа во измените на Законот за извршување, како што се -одбитоците да бидат 1/5 од плата, наместо 1/3 како досега и отпис на камата на физички лица кон јавни претпријатија

Собранието на пленарна седница одлучи по скратена постапка да бидат донесени предлог Законите за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица, за отпис на камати и репрограмирање на долгови на јавни претпријатија, како и за изменување и дополнување на Законот за извршување.

Едно од барањата на неформалното здружение „Стоп на извршителите“, кое е влезено во измените на Законот за извршување е и одбитоците да бидат 1/5 од плата, наместо 1/3 како досега. Отпис на каматата да има на физички лица кон јавните претпријатија како што се СИЗ за домување, Водовод и канализација и слично.

„Ние бараме длабоки измени во Законот за извршување и да престане блокирањето на сметките. Сите закони кои што ќе се донесат да важат ретроактивно, наназад, а не од денот на нивното стапување на сила“, вели Ана Глигорова од организацијата „Стоп за извршителите“.

За луѓето кои што отплаќаат високи камати за долгови на кои им „висат“ извршители ова е придобивка од петгодишна очајна борба во која укажуваат низ каква голгота поминуваат.

Еден од нив е и Владимир  Гавровски, професор по филозофија кој останал без работа бидејќи немал доволно часови. Сите долгови настанале во тие осум години додека бил без работа.

Гавровски смета дека треба да се отпишат долговите бидејќи државата не си ја одиграла својата социјална улога.

„Не е моја вина што останав без работа. Тие чекале да се зголемат каматите, ги отплаќам нив, а главниот долг останува“, вели Гавровски за НОВА.

Овој човек за да може да преживее и да го отплаќа долгот со кој му се одзема една третина од плата земал лиценца и сега работи како обезбедување.

Случајот на Ристе Бањоглав од штипско Карбинци и е добро познат на македонската јавност. За долг од 10 000 евра земен од лихвар, за кој вели дека е три пати исплатен извршителката во неговата куќа упадна со кордон од 20 полицајци, пред очите на неговите деца, со цел да му ја земат куќата.

„16 пати еден извршител да го лицитира имотот. Ниту по новиот ниту по стариот закон, не знаел извршителот по кој закон да извршува. Ова е срам што се случува. Дојде со кордон од 20 полицајци за да не исели со сила. Го прекрши законот на сила сакаше да не избрка“, вели Ристе.

Тој потенцира дека долгот им е исплатен уште пред четири години.

„Долгот ни е платен,  од 2016 година ние плаќаме по 66.000 денари на секои 40 дена. Извршителката  16 пати си играше со судбината на моето семејство. Извршителката заедно со лихварот сакаа да го земат имотот и пак ние да им плаќаме уште еднаш, за имот кој 3 пати е веќе исплатен. Извршителот, лихварот и нотарот се во спрега да не уценуваат“, објаснува Ристе.

Тој порачува дека сите луѓе кои имаат слични проблеми да се охрабрат и јавно да проговорат, за како што вели, да се застане на патот на овие извршители.

Македонка Сотирова од Велес, во македонските судови е влезена од 1993 година за два предмети. Нејзиниот случај е многу комплициран, од заложен објект до заплена на стан,  со многу ликови кои изиграле улога оваа жена животот да го помине по судови.

„За 20 години направија два предмета, маж ми почина од мака. Јас не знам што да правам. Досега 10 адвокати имам сменето, ова е жално 70 години сум и животот ми помина во Судот во Велес. И пак сака извршителот проценка на имотот да прави, ова е страшно го нема во ниедна држава“, раскажува Македонка Сотирова.

„ Стоп за извршителите“ секоја недела протестираа пред Министерството за правда. Но, велат дека нивната борба со овие измени не е завршена. Тие сметаат дека има големи прекршувања на Кривичниот закон и посочуваат дека имаат сериозни индиции дека во многу случаи постои спрега меѓу извршители, нотари и лихвари, за што е можно правдата да ја бараат и надвор од државата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.