Новите учебници за Историја и општество за V и VI одделение биле тема на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања што се одржала вчера во Скопје.
За време на средбата од македонска страна беа доставени новите учебници за Историја и општество за V и VI одделение. Со оглед на новата реалност на средбата се разговараше околу идниот пристап и методологија во однос на дискусиите околу учебниците. Дискусијата по оваа тема ќе продолжи на следната средба – соопшти македонскиот тим во Комисијата.
Бугарските медиуми јавуваат дека немало напредок од средбата.
И покрај декларативниот став на колегите од Република Северна Македонија за ефикасната работа на комисијата, беа потврдени разликите во разбирањето на нејзината природа, изјавил за бугарската новинска агенција преставник од бугарскиот состав на комисијата.

