Противпожарниот тим во Сао Паоло, Бразил, потврди дека еден од работниците на стадионите кои се подготвуваат за претстојното Светско првенство во фудбал е сериозно повреден откако паднал на висина од осум метри.
Работникот е сериозно повреден и пренесен е во болница каде што се бори за живот.
Арена Коринтијанс стадионот ќе биде домаќин на шест натпревари од летното Светско Првенство во фудбал во Бразил, меѓу кои и мечот кој ќе го отвори турнирот, помеѓу Бразил и Хрватска.
При подготвоките на овој стадион веќе загинаа двајца работници на возраст од 42, односно 43 години во ноември минатата година.
Досега загинати има и при работата на стадионот Арена Амазониа во Манаос како и националниотстадион Мане Гаринча во Бразилија.