Новата 2017 година веќе започна на другиот крај на светот. Во 11 часот по македонско време архипелите Самоа, Тонга и Крибати во Пацификот влегоа во 2017 година.
Точно на пладне 2017 година пристигна и на Нов Зеланд а во 14 часот и Синдеј ја пречека Новата Година.
Потоа на ред доаѓа Азија.
Ние ја пречекаме 2017 година на полноќ а потоа, три часа по нас, и Бразил ќе си честита Нова Година.
Кога кај нас ќе биде 6 часот наутро и кога најголемиот број од нас ќе се одмораат од прославата, 2017 година ќе пристигне во Њујорк а потоа во 9 часот и во Лос Анџелес.
Конечно, островот Бајкер, помеѓу Хаваи и Австралија, Новата 2017 година ќе го заврши својот круг преку земјината топка. Тогаш кај нас ќе биде 13 часот.