Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новата концепција за користење наставни материјали – автентичен модел за функционален образовен систем

0
By Нова ТВ on April 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Какви се измените кај нас, а какви се во некои европски земји?

Темелната реформа во образовниот систем опфаќа и реформа на моделот на користење на наставните материјали. НОВА направи анализа за тоа што содржи македонскиот модел и каков е образовниот модел од земјите во регионот.

Во работна група којашто го разви новиот концепт за употреба на наставни средства и дидактички материјали за основно и средно образование учествуваа претставници од Министерството за образование и наука, Педагошката служба, Бирото за развој на образованието, СОНК како и претставници од меѓународни институции и граѓанскиот сектор.

Креиран е автентичен, македонски модел на користење на наставни материјали, кој е во најдобар интерес на децата, на потребата за забрзано приближување до квалитетните образовни системи од развиените земји и создавање функционален образовен систем прилагоден на наши услови. Користени се најдобрите меѓународни искуства, но не претставува копија на ниту едно решение.

Новиот модел е во основа на Законот за учебници и други наставни и дидактички материјали, којшто е во собраниска процедура. Тој ќе се воведува сукцесивно, согласно изготвувањето на новите наставни програми. Од следната учебна година, по нови наставни програми ќе учат учениците од прво и од четврто одделение.

Македонскиот модел на примена на материјали за учење е комбиниран. За учениците од прво до трето одделение ќе се обезбедуваат хартиени учебници, имајќи предвид дека тоа е период во кој се стекнува однос кон книгата, додека за учениците од четврто и погорните одделенија се обезбедуваат дигитални учебници како прва опција, но доколку некој има потреба од печатен учебник, училиштето каде посетува настава има обврска да го обезбеди. Секој учебник ќе биде достапен во аудио формат, а за учениците со оштетен вид ќе се печатат учебници на Брајово писмо. Лектирите пак, ќе бидат достапни и понатаму само во печатена форма.

Новите учебници кои ќе се изработуваат и воведуваат етапно во неколку учебни години, ќе бидат со намалена содржина. Односно се елиминира содржината која не придонесува кон остварување на целите и резултатите од учење и развој на компетенциите на учениците, а фокусот е ставен на податоци, факти и примери кои се лесни за паметење, корисни и практично применливи во секојдневието.

Мора да се истакне дека реформата на основното образование во Северна Македонија не предвидува учебникот да е основно средство за едукација и совладување на наставната материја, туку тоа да биде наставата и интеракцијата помеѓу наставникот и ученикот. Што значи дека учењето останува во училница. Работењето на родителите со децата се намалува, а учебниците ќе им служат на учениците само за потсетување на веќе совладаната наставна материја.

Што покажуваат позитивните практики од неколку земји во Европа кои го имаат надминато системот на класична употреба на учебник:

Естонија – дигитално образование за пример

-Постигањата на учениците на Естонија на ПИСА тестирањето во 2018 година се највисоки во Европа: првото место во Читање (523 поени) и Наука (530 поени) и третото место по математика (523 поени) меѓу земјите на ОЕЦД. Во споредба со просекот на ОЕЦД, поголем дел од учениците во Естонија постигнале највисоки нивоа на владеење (Ниво 5 или 6) барем во еден предмет.

-Во училиштата во Естонија употребата на хартија е сведена на минимум. Учењето се одвива на паметни табли, со ИТ уреди и користење на дигитални ресурси. Денес естонското училиште е речиси комплетно дигитализирано (на Cloud системот, кој се развива од 2014 година) и 100% од училиштата користат решенија за е-училиште (т.е. eKool, Stuudium).

-Примарен извор на дигитални ресурси во Естонија е E-koolikott („е-училишна торба“), национална онлајн библиотека со повеќе од 20.000 образовни ресурси. Е-училишна торба е развиена во 2016 година од Министерството за образование и истражување. Порталот опфаќа материјали како што се текстови, игри и тестови за основно, гимназиско и стручно образование. Наставниците можат да создадат индивидуални збирки материјал за учење и да ги споделат со други.

-Цел на Естонија е да развие дигитални ресурси кои ја покриваат целосната програма за општо образование. Естонскиот закон налага сите нови учебници и работни тетратки да бидат достапни во дигитална форма. Почнувајќи од 2016 година, издавачите на учебници задолжително обезбедуваат линкови до дигиталните ресурси преку е-училишна торба.

-Во 2018 година се реализира пилот програма за ди г и та лн и уче б ни ц и , која се проценува како успешна и изборот на учебници се шири понатаму. Дигиталните учебници, во интерактивен формат се бесплатни за сите основни училишта, го прошируваат опсегот на материјали за учење, достапни се на естонски и на руски јазик. Дигиталните учебници не се статични – тие постојано ги ажурираат и учениците и наставниците. За разлика од учебник од хартија, можете да додадете белешки во дигитален учебник и на друг начин да го персонализирате учебникот.

-Дигиталните учебници се само еден дел од промената и обновувањето на наставата и учењето во естонските училишта заедно со новите компјутери и паметни проектори кои се доставуваат до училиштата. Дигиталниот учебник не е задолжителен за училиштата, но ги проширува можностите за употреба на различни наставни материјали во наставата.

Словенија – 15 години развој на материјали за е-учење

-И постигањата на учениците од Словенија на ПИСА тестирањето во 2018 година се над ОЕЦД просекот и изнесуваат: 16 место во Читање (495 поени), шесто место во Наука (509 поени) и осмо место по Математика (507 поени). Во споредба со просекот на ОЕЦД, поголем дел од учениците во Словенија постигнале највисоки нивоа на владеење (Ниво 5 или 6) барем во еден предмет.

-Учениците и наставниците во словенечките основни и средни училишта имаат значителни можности да ги користат материјалите за е-учење што се развиени во последните 15 години. Од учебната 2007/2008 година, наставниците автономно избираат учебници од каталог, во кој се наведени учебници одобрени од Советот на експерти за општо образование. Затоа, одговорноста на наставникот е да избере најсоодветен материјал за учење за своите ученици. Според анализата извршена во учебната 2012/2013 година, најефективната и најчесто избраната комбинација на словенечките наставници денес е употреба на печатен учебник и материјали за е-учење.

-Меѓу учебниците одобрени за основно и средно училиште, 27 i- учебници(интерактивни електронски учебници) се одобрени за основно училиште и 12 за средно училиште. Сите i-учебници се издадени од Националниот институт за образование Словенија во рамки на проектите Е- училишна торба и Е-учебници во текот на 2014 и 2015 година.

I-учебници кои веќе добиле официјално одобрување ги опфаќаат следниве предмети: словенечки, англиски и германски јазик, математика, хемија, природни науки и техника, физика, географија, музика, ликовна уметност и спорт.

-Резултатите од спроведените проекти во словенечките основни и средни училишта покажуваат дека знаењето стекнато преку интерактивните елементи на е-учебници е подобро. Следствено, резултатите за повеќето субјекти се повисоки за неколку процентни поени. Повеќето наставници позитивно го оцениле воведувањето на е-учебници во училницата.

Хрватска – преку структурните фондови на ЕУ до дигитална трансформација

-Хрватска вложува во подобрување на резултатите од ПИСА тестирањата, кои се под ОЕЦД просекот.

-Од септември 2018 година КАРНЕТ(Хрватска академска и истражувачка мрежа за потребите од информатичко – комуникациска технологија и нејзината примена во образованието) започна со имплементација на втората фаза од програмата

„е-училишта: развој на систем на дигитално зрели училишта“ во вредност од 1,3 милијарди куни. Со одлука на Министерството за образование и наука, до 31 декември 2022 година, наставата и деловните процеси во сите училишта во Република Хрватска, финансирани од државниот буџет, ќе бидат дигитално трансформирани. Двете фази на проектот е-училишта се финансираат претежно (85%) од структурните фондови на Европската унија

-Во дигитално зрелите училишта, наставниците користат технологија за подобрување на наставата, развиваат сопствени дигитални содржини и обезбедуваат поддршка за независно учење и развој на критички вештини кај учениците.

-Дигиталната едукативна содржина достапна во Edutoriju може да се користи со и без пристап до интернет (online i offline), на мобилни и десктоп уреди и преку мобилни апликации. Хрватската академска и истражувачка мрежа ги поврзува институциите од системот за основно и средно образование и институциите од академската и научно-истражувачката заедница до ‘рбетот на мрежата КАРНЕТ преку постојана врска. Досега на мрежата се поврзани 2615 од вкупно 2671 локации на институции од системот за основно и средно образование, односно скоро 98 %.

-За Хрватска, успешната дигитализација е долгорочна стратешка визија за образованието. Тоа подразбира понатамошен развој на наставните програми, начините на учење и предавање, професионалниот развој на наставниците и управувањето со училиштето со употреба на ИКТ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025
ФОКУС

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

ВЕСТИ September 26, 2025

Македонија, Косово и Молдавија се најдоа меѓу земјите кои бележат најголем пад на населението во…

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.