Мандатарот за состав на новата влада на Република Српска, Жељка Цвијановиќ денеска ќе ги соопшти имињата на идните министри на седницата на Извршниот одбор на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), соопшти потпретседателот на оваа партија Радован Вишковиќ.
Тој истакна дека потоа следи барање за одржување посебна седница на Народното собрание на Република Српска, на која мандатарот ќе ја претстави програмата и ќе го предложи составот на својот кабинет.
Претседателот на Република Српска Милорад Додиќ нагласи дека Цвијановиќ добила целосна поддршка од СНСД и коалициските партнери за новата функција.