Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НоваТВ ги открива новите правила  за влез во ЕУ

0
By Mirjana on July 21, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поднесувањето на барање за влез во ЕУ ќе се наплаќа електронски во износ од 7 евра,  ќе важи за сите патници од 18 до 70 години а штом ќе се добие дозволата  може да се користи за повеќекратни влезови во период од три години, предвидуваат новите правила за влез во Европската Унија што ќе почнат да се применуваат од мај наредната, 2023 година.

Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS), ќе бара од граѓаните кои патуваат во ЕУ да пополнат нов формулар врз основа на кој  ќе им се издаде  дозвола за влез во ЕУ но може и да не се дозволи патување во некоја од земјите членки на Унијата.

Овие правила веќе ќе можат да се применуваат од крајот на 2022 година, до кога од  ЕУ очекуваат да биде финализирано формирањето  на  веб – страницата на која патниците од повеќе од 60 земји, вклучително и од Северна Македонија  ќе можат да аплицираат и да добијат дозволи за влез во ЕУ уште од крајот на оваа  година.

Документот – дозвола  за патување на ЕТИАС,  од  Европската Унија не го карактеризираат дека е виза. Граѓаните од повеќе од 60 земји кои имаат визна либерализација  за  Шенген ќе продолжат да патуваат во ЕУ без виза, но ќе треба да добијат дозвола за патување преку системот ЕТИАС, кој ќе биде едноставен и брз  и од кој се очекува 95 отсто од барањата за патување да добијат позитивен одговор  и тоа во рок од само неколку минути, велат од надлежните служби на ЕУ.

Што се однесува до пополнувањето на формуларот, наводно тој бил така конципиран  да  немало да бидат потребни ни  повеќе од 10 минути, а од потребните документи  ќе се барале само информации  содржани  во  пасошот а формуларот можело да се пополни лично или од страна на трето лице.

Планирано е пред почетокот на примената на правилата  ЕТИАС за патување во ЕУ да има „транзициски  период“ од шест месеци во кој патниците ќе бидат информирани за новите правила, а потоа и „грејс период“ .

Оние кои првпат ќе ја поминат границата на ЕУ ќе им биде дозволено тој прв пат и да не поседуваат  дозвола за патување под новите услови.

Доколку  патникот нема важечка ETIAS дозвола  по грејс- периодот, нема да му биде дозволено да патува понатаму, а информациите за тоа ќе бидат запишани во Европскиот систем за влез и излез.

Во Брисел наведуваат дека целта на новиот систем и дозволи е да се добијат витални информации за тоа кој влегува во ЕУ, а со тоа и да се зголеми безбедноста во однос на нелегалното влегување, тероризмот и јавното здравје.

Европската комисија ваквите нови правила за патување ги предложи  во 2016-та година и по две одлагања , предвидено е да станат целосно оперативни во мај наредната 2023 година.

Мирјана Трпческа

нови правила за патување во ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.