Во изминатите 24 часа во земјава, согласно податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), се забележани 473 нови случаи на ковид-19, починале три лица, додека оздравеле 513 пациенти, соопшти Министерството за здравство (МЗ).
Нови случаи на ковид-19 се пријавени во Скопје – 204, во Битола – 37, во Охрид – 31, во Куманово – 21, во Струмица – 20, во Кавадарци – 17, во Прилеп – 16, во Кочани – 14, во Велес и во Кичево – по 12, во Тетово и во Гевгелија – по 11, во Штип – 9, во Неготино – 7, во Радовиш – 6, во Струга, во Ресен, во Свети Николе и во Берово – по 5, во Гостивар, во Делчево и во Виница – по 4, во Крива Паланка и во Кратово – по 3, во Демир Капија – 2, во Дебар, во Богданци, во Крушево, во Демир Хисар и во Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на случаи во изминатото деноноќие, 114 се реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа се пријавени три починати лица од Скопје (76 год.), од Охрид (70 год.) и од Прилеп (93 год.).
Досега во земјата се направени вкупно 2.141.456 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 337.513, бројот на оздравени пациенти е 324.633, на починати е 9.440, а бројот на активни случаи изнесува 3.440.