Нови десет поранешни носители на јавни функции во Службата за безбедност и контраразузнавање се прогласени за соработници на тајните служби. Станува збор поранешен уредник во Радио Скопје, директор на издавачка куќа и секретар на Матицата за иселеници.
Но, Комисијата за лустрација допрва ќе проверува дали десетте наредбодавачи се живи или се починати, потврдија за НОВА извори од Комисијата за лустрација.
Според Чедомир Дамајановски член на комисијата, одлуките се противуставни. Дамјановски бара од Комисијата на веб – сајтот на институцијата да се објави досието на академик Славко Јаневски.
– Иако станува збор за починато лице, неговиот идентитет е објавен по наша вина – вели Дамјановски.
Тој од членовите на Комисијата бара низ овој период да престанат со лустрирањето на поранешни носители на јавни функции и на наредбодавачи, сè додека не се произнесе Уставниот суд, но неговото барање не било прифатено.