Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови ограничувања ќе се разгледуваат за невакцинираните, во земјава над 8200 активни случаи

0
By НОВА ТВ on November 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комисијата за заразни болести денеска ќе има состанок на кој се очекува да бидат предложени нови рестрикции за невакцинираните граѓани затоа што тие најмногу ги оптоваруваат болниците. Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека конкретни предлози од состанокот ќе бидат доставени до Владата.

– Болничкиот систем сега најмногу го оптоваруваат невакцинираните пациенти. Тоа дефинитивно не смееме да го толерираме понатаму. Доаѓа зимска сезона и време на настинки и други пациенти ќе го оптоваруваат дополнително болничкиот систем. Во услови кога има доволно вакцини, апсолутно не е дозволиво граѓаните да не се вакцинираат. Со вакцинирањето не само што водат сметка за своето здравје, туку и за здравствениот систем. Ние не можеме бесконечно долго да оставиме вака да биде преоптоварен здравствениот систем, изјави Филипче во ТВ-гостување, додавајќи дека во изминатите денови со Комисијата разговарале за тоа какви мерки се воведени во земјите од регионот и во некои држави во Европа.

Во вчерашната статистика за поминати 24 часа, беа регистрирани 524 нови позитивни на коронавирус од 3126 тестирања, 565 оздравени и девет починати пациенти. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, пријавени беа и осум починати лица со датум на смрт од 24 октомври до 13 ноември.

Во државава има 8271 активни КОВИД-случаи, од кои 3775 се во Скопје. Зад главниот град е Битола со 630, трицифрени бројки имаат уште 12 општини, а четири од нив се со над 300 активни: Прилеп (419), Велес (350), Кавадарци (344) и Куманово (323).

Министерството за здравство соопшти дека заклучно со 15 ноември вакцинирани се 815 523 граѓани, ревакцинирани се 785 916, а трета доза примиле 56 349. Ревакцинирани над 40-годишна возраст се 57 отсто, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

– Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 58 отсто, а со две дози опфатени се 47 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираше Министерството.

Фармацевтската компанија „Фајзер“ соопшти дека ќе ја даде лиценцата за лекот против КОВИД-19 на организацијата „Медисинс патент пул’ (Medicines Patent Pool) од Женева, која дополнително ќе им даде дозволи на компаниите да го произведуваат лекот за употреба во 95 земји.

Фајзер“ потпиша договор со Обединетите нации да им дозволи на други производители да го прават експерименталниот лек против КОВИД. Договорот исклучува некои големи држави кои поминаа низ силни бранови на пандемијата.

Според здравствените власти, фактот што е постигнат договор пред некаде да се одобри лекот на „Фајзер“, може да помогне побрзо да се стави крај на пандемијата.

Засега крајот не е на повидок зашто бројките на новозаразени растат, а земјите се справуваат со нови мерки и ограничувања за невакцинираните.

Дигиталниот сертификат на ЕУ од вчера во Хрватска е задолжителен за сите вработени во јавниот и државниот сектор, како и за локалните власти, а за оние кои не биле вакцинирани или прележале, се воведува мерка задолжително тестирање за коронавирус. Сертификатите за КОВИД-19 се воведуваат и во училиштата, но само за вработените.

Вработените кои не прележале или не биле вакцинирани ќе мора да се тестираат двапати неделно, така што се отворени повеќе од 6500 места за тестирање, вклучително и во канцелариите за примарната здравствена заштита и аптеките. Одлуката е донесена во екот на четвртиот бран на пандемијата и нема ограничен рок.

Уставниот суд на Словенија, пак, привремено ја суспендира минатомесечната одлука на Владата само вакцинирани и прележани лица да може да одат на работа.

Анкета на љубљанскиот дневен весник „Дневник“ покажува дека мнозинството Словенци би поддржале одлука за воведување рестрикции за лицата кои не се вакцинирани, но се против заклучување за сите.

Владата во Белгија донесе одлука за задолжителна вакцинација на здравствениот персонал од јануари. Тие ќе мора да се вакцинираат меѓу 1 и 31 јануари, одлучи белгиската федерална Влада. Во спротивно, ќе мора да приложуваат негативен ПЦР-тест, не постар од 72 часа, што сами ќе го плаќаат. Доколку одбијат, работниците ќе бидат првично суспендирани, а од 1 април ќе бидат и отпуштени од работа.

Неделно ќе мора да се тестираат на коронавирус сите невакцинирани здравствени работници во Чешка. Околу 6,2 милиони луѓе од 10,7-милионското население во таа земја се целосно имунизирани, а се зголемува бројот на заразени. Во преполните болници и социјални домови во две области во источниот дел на Чешка ќе помага војската. Драстичното зголемување на КОВИД-пациентите, чија состојба бара хоспитализација, доведе до тоа многу болници, како на пример во Брно и Пилсен, да ги одложат закажаните процедури.

За да се охрабрат што повеќе граѓани да се вакцинираат, украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи награда за Украинците кои примиле две дози вакцини против коронавирус. Тој најави дека секој што ќе прими две дози ќе добие по 1.000 гривни (околу 35 евра). Целосно вакцинирани се само една третина од Украинците.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

ВЕСТИ October 1, 2025

Нуклеарната централа Запорожје во Украина, најголемата во Европа, веќе седум дена е без надворешно електрично…

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.