Керамички и метални предмети од средниот век, орудија за работа, оружје и слоеви од доцниот антички период, се дел од работите кои ги пронајдоа археолозите од Народниот музеј на ископувањата кои во 2012 година ги извршија на локалитетот „Велешко кале”.

Се истражуваше на две локации на акрополата, која е највисокиот дел на локалитетот.

-Успеавме да стигнеме до слоевите од доцниот антички период, а извадивме и доста предмети од керамика и метал кои се од средниот век ,што покажуваат дека овој град имал големо значење во тој период. Самите ѕидини кои се одлично направени и големото подградие кое се наоѓа под нив е доказ дека калето своевремено користело за прибежиште на велешани, вели Анита Василкова – Мидоска, археолог во велешкиот музеј.

Археолозите не ја исклучуваат можноста еден ден локалитетот да стане достапно и атрактивно место за посети од пошироката јавност.

Археолозите не ја исклучуваат можноста од калето да се однесени значајни предмети од дивите копачи.