Реакциите за насловната на Ролинг стоун за сликата на осомничениот бомбаш на бостонскиот маратон Џохар Царнаев доведoa до објавување на на нови фотографии на неговото апсење, слики за кои полицискиот фотограф рече дека го покажуваат “вистинскиот бостонски бомбаш”, јавува Си-Ен-Ен.
За разлика од сликата во Ролинг стоун, која прикажува спокоен изглед на 19-годишниот на насловната на списанието, новите слики го покажуваат Царнаев како излегува од чамец каде што беше заробен – неговото лице намачканио со крв, со бледа кожа од ласерскиот блесок од оружјето на снајперистите.
На една слика, тој ја заграбува кошулата, очигледно покажувајќи дека нема оружје под неа, во друга, тој паѓа низ палубата на бродот, додека неговата крвава рака виси надолу.
Фотографиите се преземени од Масачусетс државната полиција, односно од наредникот Шон Марфи и објавени на интернет, од страна на Бостон списанието во четвртокот попладне.