Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови тензии меѓу членките на БРИКС: Кинескиот претседател нема да присуствува на Г20 самитот во Делхи што се толкува како омаловажување на Индија

0
By Ана Василевска on September 7, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кинескиот претседател Си Џинпинг нема да присуствува на самитот на Г-20 во Индија оваа недела, откако по неодамнешните тензии, билатералните односи меѓу двете земји остануваат замрзнати.

Aналитичарите сметаат дека  дека отсуството на Си може да претставува омаловажување за Делхи или дел од очигледниот притисок на Пекинг да ги издигне останатите мултилатерални блоковите кои не се сметаат за доминирани од САД.

Присуството на Си Џинпинг на Г-20 овој викенд беше целосно отфрлено откако кинеското Министерство за надворешни работи објави дека тимот ќе го предводи премиерот на земјата, Ли Кианг.

Како што пренесува Гардијан, тоа ќе биде прв пат кинески лидер да не присуствува на самитот на лидерите на Г20 од првиот што се одржа во 2008 година, иако Си присуствуваше практично само во 2020 и 2021 година поради пандемијата.

Аналитичарите сугерираат дека отсуството на кинескиот претседатели би можело да значи омаловажување за земјата домаќин, Индија, со која Кина е вмешана во гранични спорови. Тоа, исто така, може да биде дел од очигледниот притисок за издигнување на другите мултилатерални групи над оние кои се сметаат за доминирани од САД.

Откако официјален Пекинг потврди дека нејзиниот лидер Си Џинпинг нема да присуствува на состанокот, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан побара од Кина да ги остави настрана прашањата со Индија и да одигра „конструктивна улога“ на претстојниот самит на Г-20, пренесува Би-Би-Си.

Саливан изјави дека зависи од Кина ако наместо тоа, сака да ја игра улогата на „расипувач на забави“.

Индија ќе биде домаќин на самитот во главниот град Делхи на 9 и 10 септември.

Ниту Индија, ниту Кина, двете членки коосновачи на БРИКС, не дадоа конкретни причини за отсуството на Џипинг. Кина соопшти дека наместо тоа, премиерот Ли Кианг ќе ја предводи својата делегација на самитот.

Индија и Кина имаат замрзнати односи и тензиите меѓу двете земји се влошија од 2020 година, кога нивните војници беа вклучени во смртоносен судир во долината Галван во Ладах.

Изворот на тензијата меѓу соседите е спорната 3.440 километри долга де факто граница долж Хималаите – која е слабо демаркирана и војниците од двете страни доаѓаат лице в лице на многу точки.

Минатата недела, двете земји влегоа во дипломатски спор поради „официјалната карта“ објавена од Кина, за која Индија рече дека има право на нејзина територија. Пекинг одговори велејќи дека Делхи треба да се воздржи од „претерано толкување“ на прашањето.

Како што објави Цивил Медиа во понеделникот, причина за зголемување на тензиите помеѓу двете земји членки и ко-основачи на БРИКС беше „oфицијалната карта“објавена од Пекинг, што го прикажува територијалниот суверенитет на Кина врз индиските територии во североисточен Аруначал Прадеш и спорната област Аксаи Чин на западната граница и ги вклучува и Тајван и целото Јужно Кинеско Море, која беше целосно отфрлена од Индија, на што се придружија Малезија, Филипини и Тајван.

Запрашан од новинарот на брифингот со новинарите дали тензиите меѓу Индија и Кина ќе го засенат самитот, Саливан рече дека тоа е „зависно од Кина“.

„Ако Кина сака да влезе и да ја игра улогата на „расипувач на забави“, се разбира, таа опција им е достапна“, рече тој.

Но, тој додаде дека претседавачот на самитот – Индија – САД и „секоја друга членка“ на Г20 ќе ја охрабрат Кина „да влезе на конструктивен начин за климата, за мултилатералните реформи на банката за развој, за олеснување на долговите, за технологијата и настрана геополитичките прашања и навистина се фокусира на решавање на проблемите и испорака за земјите во развој“.

Г20 – или Групата на дваесет – е клуб на земји кои се состануваат за да разговараат за плановите за глобалната економија. Земјите од Г20 учествуваат со 85% од светското економско производство и 75% од светската трговија. Тие содржат две третини од светската популација.

Драган Мишев

Извор Цивил Медиа

БРИКС Индија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.