Сиријските воздушни напади врз местото заземено од страна на бунтовниците во Алепо, се причина за смртта на 22 луѓе, меѓу кои 14 деца, соопштува Сиријската опсерваторија за човекови права. Се очекува пораст на бројката на загинати бидејќи има и тешко повредени.
Според опозицијата, ова не е првпат сиријскиот режим да фрла експлозиви во Алепо.
Според ОН, повеќе од 100.000 луѓе загинале во Сирија од конфликтот во март 2011 наваму. Стотици илјади други – цивилно население било повредено.
Повеќе од 2,3 милиони луѓе ја напуштиле земјата, а околу 4,25 милиони Сиријци станале бегалци внатре во земјата, соопштува „Амнести Интернешн’л“.