Иницијативниот одбор составен од новинари колеги на сега привердениот Томислав Кежаровски со поддршка на ССНМ, ЗНМ и МИМ денеска го поднесоа барањето до претседателот на Основниот суд Владимир Панчевски за прием на кој ќе добијат образложение за причините, односно правната процедура во која на Кежаровски му е изречена мерката притвор.
Случајот Кежаровски ќе се најде и на конференцијата на Меѓународната федерацијата на новирани која започнува денеска во Даблин, Ирска.
Здружението Репотери без граници, ОБСЕ и новинарите од регионот резигнирано ја примија веста за притворот на новинарот Кежаровски и побараа негово ослободување, а Репортери без граници директно ја повика Делегацијата на ЕУ во Македонија да се информира од надлежните за случајот и да го осуди притворот.