Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски од притвор во 11.50 во Основниот суд Скопје1 ќе достави барање за средба со претседателот на Судот, Владимир Панчевски, на која ќе се побараат одговори на нејасните одлуки поврзани со приведувањето и одлуката за притвор.
Иницијативата е поддржана од Здружението на новинари на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и од Македонскиот институт за медиуми.