Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новинарите незадоволни по разговорот со Панчевски

0
By Нова ТВ on June 4, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски денеска ги прими на разговор новинарите од Иницијативниот одбор за случајот со притворањето на Томислав Кежаровски.

Тој пред новинарите рече дека судот нема ингеренции да ја укине мерката притвор за новинарот која одредил истражниот судија и посочи дека неговиот адвокат може да ги употреби правните лекови како што е поднесување на жалба.

Според судот, на Кежаровски му е одредена мерка притвор поради можноста за бегство и можноста да влијае врз сведоците и јавноста. Немаше објаснување зошто не е досуден евентуално домашен притвор, ниту врз основа на што е утврдено дека тој може да влијае на јавноста или пак, да биде бегалец.

Мерката притвор е непознаница за многу од македонските и светските организации за слобода на медиуми кои деновове бурно реагираа на притворот на Кежаровски. ЗНМ во дописот до странските амбасади ја доведува во прашање мерката притвор.

-Ние ја спориме и мерката притвор против Кежаровски која има неколку нејасности . Во неа е наведено дека новинарот бил недостапен на мобилен телефон, дека тој имал четири мобилни телефони и дека не им се јавувал на мобилен телефон ниту на блиските пријатели. Другото објаснување е дека Кежаровски како новинар можел да влијае и врз јавноста! Во одлуката не е прецизирано како Кежаровски може да влијае врз јавноста, дали доколку пишува за случајот „Ореше“, или за детали од истрагата. Доколку судот му забранува да пишува и го притвора по тој основ, тогаш тоа според нашето законодавство и Уставот е класична цензура . Во македонскиот закон за кривична постапка, во членот 191 се утврдени околностите под кои може да се изрече мерката притвор: опасност осомничениот да ја напушти земјата, да влијае на сведоците и да го повтори делото. Според досегашните сознанија со кои располагаме и консултациите што ги имавме со правни експерти, ниту еден од овие услови не е исполнет за да се оправда притворот против Кежаровски, велат од ЗНМ.

Повеќето од образложенијата на Судот не се прифатливи за Иницијативниот одбор.

Во видеото на НОВА погледнете ги и изјавите дадени од претставниците на судот и иницијативниот одбор по средбата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.