Новинарите денеска излегуваат во 12 часот на протест пред Кривичниот суд за новинарот Томислав Кежаровски, кому му е одреден притвор од 30 дена за објавен текст.
Кежаровски беше уапсен пред два дена за објавен текст во 2008 година во Репортер 92, кога ја извршувал функцијата Главен и одговорен уредник.
Полицијата на насилен начин и пред семејството го приведе Кежаровски, под сомнение дека оддал информации за сведок, за кој тврди дека бил заштитен, со што го прекршил Законот за заштита на сведоци.
Од друга страна, Главниот и одговорен уредник на Нова Македонија Зоран Димитровски денеска за НОВА изјави дека е скандалозен притворот всушност на Кежаровски, кој открил дека се работи за лажен сведок.