Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новинарот доајен Иван Бојаџиски за Нова ТВ: И по 60 години новинарство не сум подготвен да се откажам од оваа убава професија  

0
By Соња Крамарска on March 6, 2022 ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Новинарот Иван Бојаџиски оствари 60 години кариера во новинарството. Работел за повеќе медиуми од земјава, бил дописник на повеќето национални медиуми и медиуми од поранешна СФРЈ, и со тоа стана препознатливо име во журналистиката не само во источниот регион, туку и во цела држава. По повод овој несекојдневен јубилеј, разговаравме со него за неговата работа и неговиот поглед кон новинарството денес.

Нова ТВ: 60 години новинарска работа се подвиг со оглед на тежината на оваа професија. Како успеавте толку долго да се одржите?

– Тежината на професијата ја изгуби битката пред нејзината убавина. Тоа е така барем во мојот случај. Да не беше новинарството јас не би знаел што во животот друго би работел. Успеав да се одржам во нашиот журнализам цели 60 години пред се поради силната љубов кон новинарството, кон секој мој напишан текст. А љубовата, нели, е двигател на се суштинско во нашите животи. Знаете, има една убава мисла која вели вака: „Не познавам добар новинар кој на својата сакана и напишал писмо со убави зборови. Најубавите зборови добриот новинар ги чува за своите читатели“. Нека биде и нескромно но јас себеси се сметам за таков новинар. Љубоморно ги чував најубавите зборови за моите читатели. Зборови кои ја одразуваа вистината заснована на факти и аргументи. И пак нека звучам нескромно, јас чувствував и чувствувам дека во мојот источен регион во кој работев и работам новинарство, моите текстови, моето новинарство беше убаво и со достоинство прифатено. Преку него си создадов мал број непријатели но и огромен број пријатели. Тоа ме одржа во добра здравствена и мисловна кондиција се до ден денес. Јас сеуште, и на овие мои 79 години живот и 60 години новинарство, не сум подготвен да се откажам од оваа инспиративна, преубава професијата.

Нова ТВ: Кои беа убавите моменти а кои лошите?

– Имам мал милион убави моменти кои живеат во моите спомени. Еден од оние кои ми се посебно врежани во сеќавањата е моментот кога успеав да составам двајца браќа кои 13 години биле разделени, откако нивната мајка, како мали деца, ги дала на посвојување кај две одделни семејства. Половина година работев со центрите за социјална работа за конечно да ги спојат браќата. Од лошите моменти тоа е случајот кога претседателката на ОК на ССРН во Штип направи обид да ме тргне од новинарството но не успеа во тоа, па наместо јас да останам без работа таа  од страна на Васка Дуганова беше разрешена од функцијата. Но, најнеобичното во овој случај е тоа што мојата сопруга и жената која имаше висока функција и која бараше јас повеќе да не бидам новинар,  работеа во иста канцеларија, а притоа бевме и семејни пријатели. Тогаш мојата сопруга побара да биде преместена на друго работно место во судот, што значи јас со мојата решеност секогаш да ја пишувам само вистината и направив голем проблем на мојата Кате со која го поминав животот.

Нова ТВ: Како Ви изгледа денешниот профил на новинар?

– Денешната генерација новинари е на големи маки. Стегнати се во менгемето на интересите на сопствениците на медиумите и политиката. Денешното новинарство, со мали исклучоци, е сведено на „нивни“ и „наши“. Новинарството некако стана слуга на политиката и политичките елити. Секој денес ќе ви каже кој медиум за која политичка страна одработува. Во тие и такви околности на младите новинари кои вистински сакаат да се бават со вистинско новинарство им е очајно тешко. За мене лично тоа е профилот на денешниот новинар. Тоа е човек кој во едно комплицирано време решил да се бави со една проклето убава и одговорна професија, но условите се против него и неговата идеја. Јас немам таква способност да можам да кажам каде е решението. Тие сами треба да си го трасираат патот, а јас само се надевам дека еден убав ден оваа крива Дрина ќе биде исправена. Тука ќе го цитирам Иво Андриќ кој има речено вака: „Сите Дрини на светот се криви, ниту една крива Дрина на светот на може да биде исправена, но новинарите мора да бидат упорни како да ќе можат да ги исправат сите криви Дрини“. Таков треба да е денешниот профил на новинар. Да биде упорен и да верува дека токму тој е најповиканиот за да ги исправи сите криви Дрини на светот.

Нова ТВ: Кој е рецептот за успешен новинар?

– Да знае да си го препознае талентот. Но, тоа не е доволно затоа што е неопходно секој ден, час, минута да го надградува својот талент. Новинарството е професија која секојдневно се учи. Денешните генерации се благословени поради технолошкиот напредок на светот при што со еден клик на лаптоп или мобилен телефон добиваат море од информации кои во најдобар случај можат да бидат од голема помош за напредок во кариерата, И, конечно, да веруваат  во себе и своите квалитети во однос на оваа професија.

Нова ТВ: Дали експанзијата на социјални мрежи е предност или е минус за новинарството? Реална ли е опасноста социјалните мрежи да го истиснат класичното новинарство?

– Да, имаме неверојатна експанзија на социјалните медиуми, а јас лично сеуште не можам да бидам на чисто дали е тоа добро или лошо. Всушност, тоа е и едното и другото, но сепак конечниот заклучок може да си го даде секој од корисниците на тие мрежи. Мое мислење е дека, барем во нашиот, македонски случај, социјалните мрежи се повеќе зло отколку некакво богатство. Дали сум старомоден? Можеби да-можеби не. Но, медиум, според моите мерила, е оној кој има импресум, кој е членка на Советот за етика во медиумите, кој има адреса, главен и одговорен уредник…Многу од нив немаат ништо од тоа. Еве ви најнов пример: медиум-портал кој е во Штип објави информација дека бензинот од наредниот ден ќе поскапел за 10 денари, а ќе поскапеле и многу прехранбени производи. Тој „медиум“ нема ништо од она кое јас погоре го наведов. И во градот се наредија колони возила пред бензинските пумпи… А одговорност за создавање општа паника и немир кај населението нема…

Нова ТВ: Што ќе им порачате на младите новинари?

– На младите новинари ќе им порачам само едно: ако во себе ја чувствуваат љубовта кон оваа професија нека бидат упорни во остварување на своите соништа и нека, како нова новинарска генерација, работат упорно на враќање на достоинството на професијата од која граѓаните, со право, очекуваат многу.

(С.К.)

Иван Бојаџиски новинарство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.