Нова низ фотографии ви го претставува избраното решение, според кое во барок стил ќе се реновира Градскиот трговски центар и зградите на Кејот 13 Ноември.
Автори на проектот се архитектите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов, кои ја проектираат и новата фасада на Владата. Чаушевски е автор и на проектот за новата зграда на “Водовод”, на ЕЛЕМ и на зградата за државна администрација на Бихаќска.