Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новиот предлог закон за високо образование наскоро на јавна дебата

0
By Нова ТВ on December 18, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предлог новиот закон за високо образование денеска го добија ректорите на Универзитетите од Македонија лично од министерката за образование Рената Дескоска, за време на потишувањето на Декларацијата  за „Универзитети без корупција“ .

Таа на дебатата истакна дека предлог законот денеска ќе биде објавен и на ЕНЕР, а со тоа и ставен на јавна дебата за сугестии за негово подобрување.

– Во предлог законот предвидени се повеќе механизми за борба против корупцијата, како што се транспарентност на носење одлуки во универзитетите, деконцентрација на моќта, учество на студентите во одлучувањето, механизми за департизирање на одредени постапки кои се спроведуваат, информираше Дескоска.

Предвидено е, рече таа, и да се избере овластено лице за прием на пријави на корупција кај кое пријавувањето ќе ќе биде анонимно. Тоа лице ќе го избира Сенатот за период од две години и истото ќе го информира Сенатот за својата работа.

За политиката на отворена врата и достапност на студентите говореше Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски при што нагласи дека Универзитетот е целосно посветен во примената на законската рамка вклучително и на новоит закон за заштита на укажувачите.

– Против корупцијата можеме да се бориме ефикасно само тогаш кога сме заедно, организирани и сплотени, порача Јанкуловски пред професорите и ректорите и нагласи дека секој има обврска да ги елиминира потенцијалните негативни појави но и да се создадат капацитети за ефикасно спречување.

Заменик амбасадорката на САД во Македонија Микаела Швајцар Блум истакна дека борбата против корупцијата бара посветеност од страна на сите фактори во општеството. Нагласи дека се потребни јасни правила и процеси кои ќе промовираат интегритет, како потреба од транспарентност и одговорност.

– Корупцијата во универзитетите ја поткопува довербата во образовниот систем. Како резултат, студентите кои стануваат се поразочарани, се одлучуваат да ја напуштат земјата. На Македонија и требаат тие студенти, кои се паметни и амбиципозни, да останат тука и да го дадат својот придонес, рече Блум.

Таа ги охрабри ректорите да преземат конкретни чекори да се овозможи заштита на „свиркачите“ на универзитетите, но и да ги охрабрат професорите и целата администрација на универзитетите да пријавуваат корупција. Според неа потребен е и системи на транспарентност на финансиите на универзитетите, со кои би се отежнала можната нивна злоупотреба.

Декларацијата ја потпишаа ректорите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, „Св. Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, Југоситочна Европа, „Св. Апостол Павле“, „Мајка Тереза“ и проректорот од Универзитетот во Тетово.

По потпишувањето се одржа и тркалезна маса, а професори од сите универзитети дебатираа за тоа како универзитетите да го применат Законот за заштита на укажувачите.

високо образование јавна дебата нов предлог закон ректори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.