Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новиот тендер за инсулин без стандарди за квалитет и строги услови за фирмите

0
By Менче Атанасова Точи on September 15, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во новиот тендер за набавка на инсулини , Министерството за здравство не бара стандарди за квалитет, ниту пак фирмата која што ќе добие тендерот да исполнува економски услови. НОВА ги увиде овие разлики откако ги спореди двата огласи за набавка на инсулини, последниот кој е во тек и чие отварање треба да биде на 21 октомври и огласот за набавка на инсулини од 2012 година.

При споредбата може да се види дека се она што било наведено во огласот од пред две години, веќе не е критериум за избор во новиот оглас, иако станува збор за идентична набавка. На пример, во новиот оглас не се бараат сертификати за квалитет, иако станува збор за лек, а не се бараат ниту докази за економската и финансиска состојба на операторот.

Во тендерот за набавка на инсулин во огласот број 32/2012  година, се бараат строги критериуми и низа од сертификати за спроведени стандарди за системи за квалитет.

Се бара економските оператори да ја докажат својата економска и финансиска состојба (билансна состојба, биланс на успех, минум обрт итн). Во критериумите за техничка и професионална способност се бараат најмалку 10 вработени, како и договори со кои операторот ќе докаже каде вршел набавки во последните три години. Во новиот оглас нема такви барања или пак, тие се сведени на минимум.

На следните слики кои се превземени директно од огласите на Министерството за здравство може и илустративно да се погледнат разликите во критериумите за набавка на инсулинот. Ова е делот од новиот оглас од септември годинава во кој што Министерството не бара никакви докази за економската и финансиска состојба на понудувачот.

Еве како изгледала истата секција во огласот од 2012.

Во новиот оглас од фирмата не се бараат никакви стандарди за квалитет.

Додека во 2012 година потенцијалниот набавувач на инсулин морал да приложи десетина сертификати за квалитет, меѓу кои и сертификати издадени од европски или американски институции.

НОВА упати прашање до Министерството за здравство, зошто во новиот оглас не се бараат сертификати за квалитет како во огласот од пред две години, со оглед на тоа што станува збор за лек, и зошто не се бараат докази за економската и финансиска состојба на понудувачите. До крајот на денот не добивме никаков одговор од надлежните.

Нејасно е, зошто одеднаш паднаа критериумите за избор на најповолен понудувач, кога од Министерството тврдат дека се грижат за заштита на здравјето пациентите, како и дека ќе бидат запазени сите процедури.

Она што официјално го соопшти министерот Тодоров деновиве е дека со новиот тендер ќе се заштедат 2 милиони евра на инсулин. Тој потенцираше дека сакаат да ја разбијат монополската позија на пазарот со инсулини и дека станува збор за нечиј личен интерес и бизнис, а не за инсулинска криза.

„Најголема грижа е што веќе е објавен тендер за набавка на инсулини за наредните две години каде што ќе си конкурираат фирми кои што ги носат најскапите инсулини. Нема да дозволиме да има поделба на пазарот меѓу фирмите, ниту да дозволиме некоја фирма што освоила дел од пазарот тоа да и биде гарантирано и во наредните десетици години, изјави пред два дена министерот Тодоров.

Во моментот во државата има криза од неколку типа на инсулини за кои НОВА дознава дека ги има доволно во залиха кај операторот, но нема кој да ги порача. Од Министерството нема најава дека ќе направат ургентна набавка на овие инсулини, а на пациентите им се дава замена од други производители.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
ФОКУС

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

ВЕСТИ November 6, 2025

Претставнички од иницијативата „Сите за Палестина“ денес имаа средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова, во…

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.