Арсениј Јацењук е избран за премиер на Украина. Пратениците во Врховната рада денеска му дадоа поддршка за состав на нова влада на Украина.
В тој нагласи дека Украина и Русија треба да изградат нови односи. Јацењук ја повика Русија да не ги поддржува сепаратистите и Виктор Јанукович.
Главна цел на Владата тој најави дека ќе биде преземање непопуларни мерки за да ја изведе државата од економската криза.
„Касата на Украина е празна, а државата е соочена со огромни економски проблеми. Украина ќе ги искористи сите законски и уставни овластувања за зачувување на територијалната целост на државата“ потенцираше Јацењук.