Популарното скопско радио Бубамара во наредните седум дена се сели во новогодишно студио од „Веро 2″, од каде со своите гости ќе ги забавува слушателите на 105,2.
Настапуваат популарните Игор Џамбазов, Бубо Каров, Дејан Лилиќ, Оливер Митковски, Сашко Коцев, Нина Поп Христова, Атанас Атанасов, младите актери од театар комедија, Викторија Лоба, Дани, Бени и други ѕвезди кои се држат во тајност, а ќе влезат во новогодишната радио кочија.
Единствено не учествува досегашниот водител, актерот Кирил Поп- Христов, кој само по едно судско рочиште на средината на ноември беше осуден на една година затвор за одгледување и производство на марихуана.
Тој останува во куќен притвор до правосилност на пресудата.