Прославите низ светот се во тек, за да го одбележат почетокот на 2014 година.
Луѓето во Окленд, Нов Зеланд, беа меѓу првите кои ја прославија Новата година.
Во Австралија, стотици илјадници луѓе се собраа за спектакуларниот огномет околу
пристанишниот мост во Сиднеј.
Градовите во Источна Азија беа следни за да и пожелат добредојде на Новата година- во Пекинг, Џакарта и Сингапур сите прославуваат.
Меѓу другите градови кои планираат големи огномети е Дубаи, кој ќе има за цел да постигне светски рекорд за највеличенствен огномет.
Десетици илјади гледачи гледаа огномет над Викторија пристаништето во Хонг Конг.
Кинескиот град Вухан го откажа огнометот со цел да се избегне влошувањето на смогот, како најголем проблем на градот.
Во Јапонија, Шинто свештениците се собраа во светилиштата. Јапонците традиционално ги посетија светилиштата и храмовите за да се молат за своите семејства.