Последните детектирани сигнали од австралиски воен брод, се досега најсилната надеж дека по исчезнатиот малезиски авион се трага на вистинското место.
„Јасно е дека ова е најветувачкиот момент“, вели Ангус Хјустон, шеф на австралиската агенција која координинира со истрагата.
Според него, двата сигнала, забележани од детекторот за црни кутии, се на северозападниот брег на Австралија.
Сепак за потврдата околу тоа дали сигналите се емитувани од Боингот 777, кој исчезна на 8 март со 239 патници и членови на екипажот, можеби ќе треба да се почека неколку дена.
Според наводите, црните кутии, за кои се верува дека се наоѓаат на дното на океан, снемуваат батерии.
Ангус Хјустон на денешната прес-конференција во Перт, соопшти дека потенцијалната длабочина на која ќе се бараат кутиите, изнесува 4.5 километри.