Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новоотворена кафетерија Coffee factory во центарот на Скопје

0
By Нова ТВ on June 28, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Утре, петок на 29 јуни, по 11 часот ќе биде отворена третата по ред скопска кафетерија Coffee Factory на улица Македонија спроти спомен куќата на Мајка Тереза. Овие три локали спаѓаат во категорија на професионални кафетерии.

Првата, која постои од 2015 година е лоцирана во срцето на Дебар Маало, а втората, која работи од 2016 година е непосредно до плоштадот Македонија. По одличниот успех со првите две кафетерии, во третата новоотворена, тимот одлучи да направи мал исчекор за искуството на посетителите да биде комплетно, а тоа е храната. Покрај кафето, кое е главна состојка за отпочнување на денот или за уште попријатно попладне, тие изготвија мени, кое одлично ќе се вклопи во тие часови.

Утре, денот на отворањето, посетителите ќе можат бесплатно да ги тестираат и вкусат различните видови кафе, подготвени од професионални баристи, предводени од Дејан Богоески, како и вкусните специјалитети од шефот на кујната, Софка Камилоска. За музичкото мени ќе се погрижи Alex Acid, кој ќе настапи од 11 до 13 часот, потоа следуваат Летечки Пекинезери, кои се од 13 до 15 часот, а потоа до 18 часот зад миксетата посетителите ќе ги забавува диџеј Маци.

Она што ги прави инакви овие кафетерии е разноликата палета кафиња од препознатливи брендови, начинот на нивната подготовка и неприкосновено топлиот, модерно уреден и автентичен амбиент.

Во кафетериите, кафето го подготвуваат професионални баристи. Стручноста, посветеноста и вештината на целиот тим е заслуга на долгогодишна професионална наобразба. Тие ги имаат поминато обуките во Lavazza тренинг центарот во Скопје, а двајца од баристите се наедно и бариста тренери во истиот центар. Тие се овластени тренери, кои своето знаење го имаат наобразувано на неколку интернационални обуки, меѓу кои и обуката за која имаат сертификат за овластени тренери, во главниот тренинг центар на Lavazza, кој се наоѓа во Торино, Италија.

„Нашите професионалните баристи подготуваат 4 видови на кафиња (crema e aroma, top class, gold selection и лимитираната гурмет селекција на 100 проценти арабика од Etiopija Kafa), како и повеќе рецепти на уникатни топло и ладно кафе за сечии вкус. Професионален бариста треба да поседува повеќе вештини, како правилно управување со кафематот, стручност околу штелувањето на мелниците за кафе, детално познавање на различните видови кафе, лична и професионална хигиена и се разбира љубов кон самата работа и кафето… и посветеност, срдечност и услужност… карактерни особини, кои треба да ги поседува секој професионален бариста. Неколку елементи се неопходни за идеално приготвено кафе, професионален кафемат, квалитетно кафе, правилно наштелувана и квалитетна мелница. И секако еден од најважните елементи, а тоа е баристата што го приготвува самото кафе. Беспрекорната хигиена на кафематот и севкупниот работен простор се исто така значајни. Coffee factory имат свој тренинг центар, кој постои веќе три години и кој ќе биде лоциран во рамките на новата кафетерија, каде што посетителите одблизу ќе можат да се запознаат со целиот процес на подготовка кафе. Обуката во тренингот центарот е отворена за сите оние, кои имаат интерес да научат се за оваа професија“ објаснува Дејан Богоески, професионален бариста.

Шефот на кујната пак, шармантната Софка Камилоска во новоотворната кафетерија, вели дека со својот тим осмислиле нешто како бранч мени, кое активно ќе се служи до 15 часот. „Покрај слатките задоволства како cinnamon rolls, chocolate chip cookies, мафини, apple crumble pie… кои совршено се вклопуваат со кафето, го воведовме и кралот на бранчот или добро познатиот „Eggs Benedict“ во придружба на неговите исто така добро познати другари „Eggs Florentine“ и „Eggs Royal“ . Во витрините направивме и место за уникатните сендвичи и совршено крцкавите „Pannini“. Се разбира не ги заборавивме ниту салатите, здравите оброци, како мусли и овес со овошје, ниту пак омлетот“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.