Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новороденчиња умираат од сепса, бројот од лани веќе надминат

0
By Менче Атанасова Точи on October 15, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија не само што може повторно да биде рекордер по умрени новороденчиња во Европа, туку постои опасност овој број да биде двојно поголем од лани.

Според податоците од Државниот завод за статистика само во првите шест месеци од годинава регистрирани се 208 починати бебиња, од кои 103 мртвородени и 105 новороденчиња. Според овој месечен статистички извештај, во првите три месеца 47 бебиња се мртвородени, а во второто тромесечје 56. Вкупно 46 доенчиња починале во првите три месеци од годината, а во второто тромесечје 59.

Минатата година Македонија се најде на врвот од топ листата на табелата на Еуростат, по смртност на новороденчиња, со бројка од 212 починати бебиња.

-Овие шокантни податоци од Државниот завод за статисика укажуваат дека државата не само што го надмина просекот од цела изминатата година за само шест месеци, туку тој број може да се зголемува до крајот на годината коментираат гинеколози за НОВА кои сакаат да останат анонимни.

Откако НОВА пред две недели ја објави информацијата дека Македонија повторно чекори кон врвот од земјите каде најмногу умираат новороденчиња, во Мистерството за здравство многу се вознемириле, се дигнала голема галама, по што итно бил свикан состанок на Комитетот за безбедно мајчинство од каде што ни беа потврдени информациите.

Најновите податоци од Државниот завод за статистика укажуваат дека ситуацијата е уште по алармантна. Според извештајот на Заводот за статистика од минатата година, најмногу новороденчиња умиреле во првите шест дена по раѓање, како и по првите седум до 27 дена по раѓањето. Но, фрапантен е податокот што најголем дел од нив починале од сепса и инфективни паразитски болести.

Причина за ваквата состојба гинеколозите ја гледаат во лошата здравствена политика и недостигот на матични гинеколози, како и немањето на финансиски средства за да се реализираат програмите наменети за жените во текот на бременоста.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.