Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новото филмско остварување на Михалков вечерва на Синедејс

0
By Нова ТВ on November 15, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


На Синедејс вечерва две големи филмски остварувања на двајца светски реномирани режисери- Сокуров и Михалков.

Публиката вечерва ќе може да ужива во последното остварување на рускиот режисер Никита Михалков, филмот „Сончаница“. Приказната се одвива во ноември 1920 година, во еден воен логор на Крим, по евакуацијата на Белата армија, кога неколку десетици илјади белогардејци биле оставени на полуостровот. Офицерите не знаат каква судбина ги очекува и чекаат да им пресуди Црвената армија. Еден од нив, неименуван капетан (Мартинш Калита), е прогонуван од сеќавањата на една драматична и куса романса од 1907 година и тој се обидува да сфати како се распаднала Руската Империја и кој е виновен за тоа. Неговото измачување запира кога сите офицери белогардејци се качуваат на една стара лаѓа, којашто црвеногардејците ја потопуваат во Црното Море, и сите офицери исчезнуваат.
Филмот ја освои наградата за најдобра кинематографија на Шангајскиот меѓународен филмски фестивал а тој е и кандидатот на Русија за „Оскар“ во категоријата „најдобар филм од неанглиско говорно подрачје“. Михалков е веќе добитник на наградата „Оскар“ за филмот „Изгорени од сонцето“. Проекцијата на филмот на Михалков е во Кино Милениум во 22.00

Претходно во истата кино сала во 20.00 публиката ќе може да го види новоти филмско осттварување на Сокуров.

“Франкофонија” на Сокуров ја истражува врската помеѓу уметноста и моќта и прашува што уметноста кажува за нас, во срцето на една од најужасните војни што некогаш се случиле на светот. Во филмот се раскажува приканата за Жак Жожар и грофот Францискус Вулф Метерних кои во екот на војната, кога се се урива и се брише, работеле заедно за да го заштитат и зачуваат богатството на музејот Лувр. Филмот на Сокуров е добитник на наградите Мимо Ротела, Федора и Награда за најдобар Евро-медитерански филм на Меѓународниот Филмски фестивал во Венеција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.