Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нуредини: Имаме прифатлива понуда за изградба и менаџирање на ХЕЦ Чебрене

0
By Соња Крамарска on September 7, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини одржа прес конференција за напредокот на постапката за доделување на концесија за користење на водите на Црна Река за изградба на хидроцентрали. Денес до 11 часот беше крајниот рок за доставување и отворање на понудите за изградба и менаџирање на ХЕЦ Чебрен во јавно-приватно партнерство со АД ЕСМ, проект за кој постапката е започната на 17 јануари 2020 година со донесување на одлука на Владата.

Согласно записникот на Комисијата пристигнати се понуди од две компании, од Конзорциумот ППЦ и Чиродрон Гроуп од Грција и од ЕДФ од Франција.

„Има две понуди – од кои е констатирано дека понудата на грчкиот Конзорциум е прифатлива, а понудата на француската компанија ЕДФ е необврзувачка понуда и не е доставена бараната банкарска гаранција“, информираше Нуредини.

„Ова е историски ден за енергетскиот сектор. Сакам да истакнам дека во целиот процес ние како Влада бевме максимално посветенени овој проект да успее, по 13 неуспешни обиди за 20 години. Затоа добро ги проектиравме условите и имавме слух за потребите на апликантите. Ова е постапка во вистинско време и како држава сме подготвени за успешна реализација на овој проект. Овие хидроцентрали ќе даваат балансна енергија, а проектот ќе се изведува како јавно-приватно партнерство, при што јавниот партнер ќе биде АД ЕСМ“, рече министерот.

По периодот на евалуација кој трае 60 дена се очекува потпишување на договор што треба да се случи до крајот на првата половина од 2023 година. Првото производство на електрична енергија е проектирано да започне во 2028-2029. Системот хидроцентрали на Црна Река треба да произведува балансна енергија од најмалку 333 мегавати и ќе претставува база на домашната енергетска мрежа.

концесија за хидроцентрали Насер Нуредини ХЕЦ Чебрен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.