Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нуредини: Сега е вистинскиот момент да се трасира одржлив развој на Шара

0
By Соња Крамарска on September 16, 2022 ВЕСТИ
Од денешната расправа за природното богатство Шар планина
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денес во просториите на Државниот универзитет во Тетово се одржа расправа за планот за управување со националниот парк Шар Планина и расправа за Стратешка оцена на планот за управување со ова национално богатство.

„Нашата цел не е да направиме природен музеј, туку да го ставиме ова подрачје под одреден степен на заштита, а воедно да овозможиме одржлив развој на подрачјето“, рече министерот за животна средина Насер Нуредини, нагласувајќи дека паркот мора да функционира на цврста основа, правна регулатива и со солидни плански документи со кои ќе бидат заштитени покрај природните вредности и интересите на жителите и стопанствениците.

Директорот на ЈУНП Шар Планина Ибрахим Дехари ја информираше јавноста за процесите на воспоставување на системот на управување со Националниот парк, укажувајќи дека сега е вистинскиот момент да се постават прашања и да се споделат коментарите и сугестиите, било на јавната расправа или во текот на наредните две недели во писмена форма, за истите да се разгледаат и доколку се оправдани да се вметнат во планската документација.

На настанот говореше и координаторката за проекти за Западен Балкан на  УНЕП Искра Стојанова, која најави нов донаторски проект „СТАР 7“, кој ќе даде придонес во надминување на проблемите со кои се соочува новоформираниот национален парк.

На јавните расправи присуствуваше и делегација на косовското Министерство за животна средина, предводена од заменик министерката Линда Чавдарбаша кој изрази подготвеност за соработка и размена на искуства од управувањето со НП Шари – делот од Шарпланинскиот масив од косовската страна.

Насер Нуредини Шар Планина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.