Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НВО: Нема кој да ја крои политиката за справување со дроги

0
By Менче Атанасова Точи on October 1, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Повеќе од една година Македонија нема Национален координатор за дроги. Меѓуресорската комисија за дроги во Владата остана без претседател, (Национален координатор), откако претходниот, Илчо Захариев стана градоначалник на Штип во мај минатата година. Граѓанските организации кои работат на проблематиката со дроги, се загрижени бидејќи се уште нема назначено човек кој ќе раководи со ова советодавно тело на Владата.

Од таму тврдат дека оваа комисија не функционира веќе подолго време, иако всушност, како советодавно тело на Владата ја креира политиката за дроги, учествува во евалуацујата на Националната стратегија, а треба да прави и координација меѓу институциите и граѓанскиот сектор.

Повеќе од една година се чека и на Националната стратегија за дроги откако во 2012 престана да важи старата стратегија. Лекарите кои работат на оваа проблематика и невладините организации велат дека нивните информации говорат дека стратегијата била изготвена но, досега никој не ја видел бидејќи се уште не е достапна јавно.

-Стратегија е усвоена на Влада уште во јуни, но се уште не знаеме што содржи, можеби има се што е потребно, можеби нема ништо. Ние бевме вклучени во изработката но, не сме ја виделе финалната верзија, изјави за НОВА, Христијан Јанкуловски извршен директор на ХОПС-опции за здрав живот.

Психијатарот Славица Гајдазис Кнежевиќ од Институт за брак и семејство, вели дека државата во првата Национална стратегија која заврши пред две години, ветила формирање на Национален центар за дроги, но од тоа се уште нема ништо.

– Ние се уште сме репресивна држава и покрај се што се прави. Мудрите држави излегуваат со своја рамка, тие се свртени кон себе. Ова значи дека ако им помогнат на зависниците од дрога ќе си помогнат и на себе како држава, ќе има и подобро здравство. Денеска се уште слушам „и ова што им го дадовме многу им е“, како зависниците да се граѓани од втор ред, рече Гајдазис Кнежевиќ на првата Национална конференција за дроги организирана од ХОПС.

Од друга страна, опасноста од ХИВ/СИДА и ТБЦ демне пред нашата врата, а зависниците се први на удар, доколку Македонија не изнајде начин како ќе ги финансира превентивните програми против овие опасни болести.

По 2016-та година, државата нема да добива пари од „Глобал фонд“ за превенција на овие опасни болести , бидејќи се декларира во средно развиените земји каде годишно има повеќе од 3200 евра по глава на жител.

Доколку поради недостиг на финансиски средства згаснат Програмите за превенција, постои опасност да се зголеми стапката на заболени од СИДА и ТБЦ, предупредуваат од невладиниот сектор.

-Клучно е Македонија да најде начин како ќе ги финансира Програмите за превенција од овие болести. Донаторот на овие финансиски средства бара државата да подготви сериозна стратегија како ќе ги покрие Програмите и како ќе најде начин да ги финансира понатаму,изјави за НОВА Јанкуловски.

Почнувајќи од 2004-та година наваму, Македонија аплицирала и добила три гранта за ХИВ/СИДА и два за туберколоза. За превенција и справување со овие болести државата досега добила вкупно 30 милиони евра. Според податоците од невладиниот сектор само за превенција на ХИВ/СИДА годишно се трошат од 800 000 до еден милион евра, донаторски средства од „Глобал фонд“.

Со овие средства се набавуваат шприцови, игли, се врши дистрибуција на кондоми на сексуалните работници и ризичните групи, се прави едукација, се печатат материјали за превенција и едукација. Но, грантовите завршуваат во 2016-та година, по што државата нема право повеќе да аплицира за нови финансиски средства.

По ова Македонија мора да изнајде начин како ќе ги финансира превентивните програми против овие опасни болести, бидејќи во спротивно постои опасност да букнат на овие простори, а државата да не може да се справи со нив. НОВА во неколку наврати бара, но не доби одговор на ова прашање од Министерството за здравство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
ФОКУС

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

ВЕСТИ November 6, 2025

Претставнички од иницијативата „Сите за Палестина“ денес имаа средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова, во…

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.