Од денеска на телефонскиот број 070/399 – 050 или на prijavizloupotreba@sozr.gov.mk, граѓаните можат да пријавуваат незаконска, партиска или приватна употреба на службените возила.
Исполнуваме уште една ветена мерка за одговорно управување со државниот имот. Од денеска на 070 399 050 или prijavizloupotreba@sozr.gov.mk граѓаните можат да пријавуваат незаконита, партиска или приватна употреба на службените возила. Сите пријави ќе се проследуваат до надлежните органи за понатамошно постапување, напиша директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски во објава на Фејсбук.