Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Објавена книгата „Силината на една книга“ на Свето Стаменов

0
By Zoran Ivanov on August 8, 2025 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од печат излезе книгата „Силината на една книга“ од македонскиот публицисти, политиколог и поранешен новинар на Македонското радио – Радио Скопје Свето Стаменов.

Како што информира авторот, книгата е своевидна збирка на радио-интервјуа реализирани на брановите на Македонското радио – Радио Скопје по повод 120-годишнината од објавувањето на македонската „златна“ книга „За македонцките работи“ на Крсте Петков Мисирков. Тој, како што баведува, е несомнено најзнаменитиот Македонец на XX век, основоположник и прв кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис и на автохтоноста на македонската национална свест, револуционер и бескомпромисен борец против туѓите пропаганди и за македонска национална афирмација; филолог, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво, автор и издавач на првото списание на современ македонски јазик „Вардар“ и на македонската „златна“ книга „За македонцките работи“.

– А, токму појавата на „За македонцките работи“ во 1903 година несомнено е еден од клучните мигови во традицијата и во континуитетот на македонскиот народ, книга која, пред сè, е одраз на бескомпромисната борба на Мисирков за самостојноста на македонскиот народ токму во времето на најжестоките пропаганди на соседните држави, но уште повеќе, дело од непроценлива вредност за македонскиот народ во неговата вековна борба за слобода и за создавање сопствена македонска држава и сопствен македонски литературен јазик. Таа не само што е своевидна политиколошка анализа на положбата на македонскиот народ на почетокот на XX век на еден од најголемите македонисти и национални дејци кон македонското прашање, националната свест и, пред сè, на потребата од завршување на националната афирмација и ослободување на Македонците како посебен народ со особено значење на улогата за кодифицирање на литературен македонски јазик, која ја разоткрива асимилаторската политика на соседните земји насочена против македонскиот народ и македонскиот јазичен, културен и етнички идентитет, туку истовремено и, како што многу научници ја нарекуваат, македонска национална програма која и денес е особено актуелна, имајќи ги предвид најновите негирања на нашиот национален идентитет, на нашата историја, на нашата култура и, особено, на нашиот македонски јазик. Токму затоа, „За македонцките работи“ на Крсте Петков Мисирков е и книга на македонскиот културен континуитет, нагласува Стаменов.

Книгата „Силината на една книга“ содржи 13 радио-интервјуа, посветени на 120-годишнината од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ и четири реализирани со еминентни универзитетски професори, македонисти, извонредни познавачи и почитувачи на грандиозното дело на Крсте Петков Мисирков. Така, во периодот од 16 јануари 2023 година до 24 февруари 2024 година во рамките на редовната попладневна програма „Актуелно“ и редовната саботна претпладневна програма „Радио спектар“ на Македонското радио – Радио Скопје свои видувања за македонската „златна“ книга „За македонцките работи“ и за нејзиното историско значење изложија: проф. д-р Људмил Спасов, проф. д-р Димитар Пандев, проф. д-р Елена Јованова – Грујовска, проф. д-р Марија Коробар – Белчева, проф. д-р Максим Каранфиловски, проф. д-р Лидија Тантуровска, проф. д-р Цане Т. Мојаноски, доц. д-р Бобан Карапејовски и м-р Свето Тоевски. Составен дел на книгата се и четирите интервјуа реализирани во 2018 година по повод 115-годишнината од објавувањето на „За македонцките работи“, кои беа објавени во второто изменето и дополнето издание на книгата „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“. Затоа, „Силината на една книга“ е и своевидно природно продолжение на првото и на второто изменето и дополнето издание на „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“, кои беа објавени по повод 90 и 95-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков во 2020 и 2022 година.

„Силината на една книга“ авторот ја посветува во знак на огромна благодарност и вечен спомен на неговата животна сопатничка и непресушна инспирација Искра Чоловиќ, доајен на македонското спикерство, новинар и истакнат македонски публицист, автор и коавтор на 14 книги, која ненадејно почина на 14 декември 2023 година.

Книгата, чија корица е дело на младата графичка дизајнерка Бојана Симевска, е збогатена и со пригодни текстови – рецензии на проф. д-р Васил Тоциновски, проф. д-р Трајан Гоцевски, проф. д-р Димитар Пандев и проф. д-р Милан Јазбец, а нејзиното објавување е овозможено со финансиски средства на Министерството за култура и туризам, во рамки на Годишните конкурси за финасирање на проекти од национален интерес за 2025 година.

книга Нова Свето Стаменов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.