Американскиот претседател Барак Обама во телефонски разговор со својот француски колега Франсоа Оланд, зборувал за извештаите на француските медиуми дека американска разузнавачка организација прислушкувала милиони телефонски разговори на француски граѓани.
Обама му рекол на Оланд дека некои од информациите биле „искривени“, се вели во соопштение од Белата Куќа. Тој исто така истакнал дека САД ги преиспитуваат своите разузнавачки практики.
Обама и Оланд се договориле дека двете земји разговорите по ова прашање ќе ги продолжат преку дипломатските канали.
Според пишувањата на Le Mond, NSA меѓу 10 декември 2012 и 8 јануари 2013 добавил 70,3 милиони потадоци за тефенски разговори на Французи.
Новинарот Глен Гринвалд, кој учествуваше во објавуањето на откритието на Едвард Сноуден за американската мрежа за шпионирање преку интернет, вчера рече дека САД ги шпионирале сите земји од Латинска Америка.