Американскиот претседател Барак Обама отпатува во Јужна Кореја во рамки на неговата турнеја низ Азија. Неговата посета на Сеул доаѓа во време на зголемени тензии околу нуклеарната програма на Северна Кореја.
Претседателот на САД Барак Обама ја предупредил Северна Кореја да не ја направи грешката да изведе уште една нуклеарна проба, бидејќи тоа би предизвикало остар меѓународен одговор, пренесува Би-би-си.
Пред неколку денови јужнокорејски претставници изјавија дека веруваат оти Пјонгјанг може да спроведе тест за нуклеарно оружје во секој момент.
По разговорите со јужнокорејскиот претседател Обама ќе ги посети американските трупи во Кореја, а потоа патува за Малезија. Вчера Обама престојуваше во посета Јапонија.