Американскиот претседател Барак Обама и украинскиот привремен премиер Арсениј Јацењук упатија цврсти пораки до Русија во средата, а Вашингтон повторно ја предупреди Москва дека ќе следат санкции доколку не ги повлечат трупите од Крим. Во меѓувреме Киев потврди дека никогаш нема да се предаде.
Она што Јацењук го потврдил на состанокот со Обама во Белата куќа е дека Украина сака да остане пријател со Русија.
„Ќе продолжиме да тврдиме дека доколку руската влада продолжи по патот кон кој оди, тогаш не само ние туку и меѓународната заедница ќе бидеме принудени да применеме санкции за прекршокот на меѓународното право од страна на Русија“, изјави Обама пред новинарите.
Според него, постои уште еден пат за кој се надева дека Русија и Путин ќе го прифатат. Јацењук потенцираше дека Украина се бори за својата слобода.
„Се бориме за нашата независност и никогаш нема да се предадеме“, изјави тој, надополнувајќи дека неговата земја ќе остане ориентирана кон Западот но дека ја посакува Русија за пријател.
Во меѓувреме, францускиот претседател Франоа Оланд преку телефонски разговор на Путин му порача дека закажаниот референдум во Крим ќе биде спроведен без законска основа.