Папата Францис утрово во Ватикан оствари средба со американскиот претседател Барак Обама, што воедно е и прва средба откако Францис во 2013 стана поглавар на Римокатоличката црква.
„Добродојдовте господине претседател“, рекол Папата на англиски јазик, додека Обама возвратил со зборовите „Ви се воодушевувам“.
Ова е втора посета на Обама во Ватикан откако во јули 2009 година оствари средба со Бенедикт XVI. Фокусот на денешната средба помеѓу Обама и Францис се борбата против нееднаквоста и светските кризи.
Во агендата на лидерот на САД, се и средби со претседателот на Италија, Џорџо Наполитано, и со премиерот, Матео Рензи.
Барак Обама од Италија утре ќе патува за Саудиска Арабија, која е последна дестинација од неговата еднонеделна турнеја.