Претседателот Барак Обама изјави дека “Trejвон Мартин можел да биде самиот тој, пред 35 години”, во својот прв коментар во врска со случајот, после пресудата донесена минатата недела, јавува Би-Би-Си.
Невооружено црно 17-годишно момче беше застрелано и убиено во Флорида во февруари 2012 година.
Џорџ Цимерман, 29, рече дека тој отворил оган врз тинејџерот во самоодбрана и беше ослободен од обвинението за убиство од страна на судот на Флорида минатата недела.
Во неочекуван прес повик , Обама изјави дека многу малку црни мажи во САД не доживеале расно профилирање.
Обама изјави дека Афроамериканците го гледаат случајот преку “збир на искуства и историја што не е далечна”.
Тој, исто така, го поздрави ” милоста и достоинството” на родителите на Мартин на начинот на кој тие реагираа на пресудата.