Претседателот на САД, Барак Обама синоќа допатува во Италија каде што ќе оствари средба со папата Францис како и италијанските политичари.
Според високиот функционер за национална безбедност на САД, Бен Роудс, Обама бил инспириран од поглаварот на Римокатоличката црква и начинот на кој тој ги мотивира луѓето низ светот со своите пораки за еднаквост.
Според него, американскиот претседател ќе му изрази почит на папата и за неговиот начин на лидерство.
Барак Обама од Италија утре ќе патува за Саудиска Арабија, која е последна дестинација од неговата еднонеделна турнеја.