Ќе ја уништиме мрежата на смртта, изјави америкаснкиот претседател барак Обама во обраќањето пред Генералното собрание на ООН во Њу Јорк.
Тој нагласи дека нема преговри со приврзаниците на ИСИС.
Нема преговори со ИСИС, акцијата продолжува се додека не бидат уништени. Јазикот на убијците го разбира само јазикот на силат, рече Обама зборувајќи за актуелната воена операција која ја превзема колацијата предводена од САД а во која учествуваат и повеќе муслимански држави од регинот на Блискиот Исток.
Обама рече дека САД „не се и никогаш нема да бидат во војна со исламот“ и отфрли „сите наводи за судир на цивилизациите“. Тој го повика светот, а особено муслиманските заедници, „јасно, енергично и доследно да ја отфрли“ идеологијата на Ал Каеда и Исламската држава.
Во своето обраќање пред Генералното собрание на ООН Обама го нагласи и значењето на слобдоните медиуми, независното судство и владеењето на правото.
Во врска со кризта во Украина и заладувањето на односите со Русија американскиот претседатек изјави:
„Ако Русија тргне по тој пат, пат кој почнува во периодот по завршувањето на Студената војна и кој резултираше со просперитет за рускиот народ, тогаш ние ќе ги укинеме санкциите и ќе ја поздравиме улогата на Русија во решавањето на заедничките предизвици“, рече Обама.
Тој оцени дека руските постапки во Украина се „предизвик“ за повоениот период. Обама исто така рече дека Русија распоредува војници преку границата, откако Украина „почна да ја враќа контролата врз својата територија. Според него, сите земји треба да ја преземат „одговорноста да ги почитуваат и спроведуваат меѓународните норми“. Американскиот претседател рече дека САД и нивните сојузници ќе му дадат поддршка на украинскиот народ „за развој на нивната демократија и економија“.
Aмериканскиот претседател Барак Обама рече дека светот е „на крстопат меѓу војна и мир, меѓу нереди и интеграција, меѓу страв и надеж“