Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обама во европска турнеја со намера да ги смири сојузниците

0
By Нова ТВ on March 24, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со европската турнеја по Европа американскиот претседател Барак Обама има намера да ги смири сојузниците на Вашингтон во период на разгорување на кризата со Русија и нуклеарните преговори со Иран.

Првичната цел беше Барак Обама да го поздрави напредокот во спречувањето на ширењето на нуклеарниот материјал, а што е приоритет уште од неговиот прв мандат од 2009 година, но, тие планови ги помати руската активност на Крим и токму таа ќе доминира на самитот за нуклеарна безбедност во Хаг.

Во Брисел во среда Барак Обама ќе одржи состанок на врвот со челниците на институциите на ЕУ, со претседателот на Советот на Европа, Херман ван Ромпуј, и со претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, а потоа во седиштето на НАТО и со генералниот секретар на алијансата, Андерс Фог Расмусен.

Американско-европскиот самит ќе биде прва посета на Обама на европските институции откако влезе во Белата куќа. На тој собир ќе доминираат преговорите за слободната трговија меѓу ЕУ и САД кои запнаа по избувнувањето на аферата која потече од документите кои ги објави поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (NSA) Едвард Сноуден, која покажа дека Американците со години ги шпионирале европските институции, европските челници и своите сојузници.

Следува посетата на Барак Обама на Ватикан каде што е најавено дека американскиот претседател ќе му го изрази восхитот на папаа Франциск за неговата порака за нееднаквоста во општествата,, што треба всушност да претставува порака до противниците на Обама, републиканците во Конгресот кои се спротиставуваат на неговата политика за управување со американскиот буџет.

Турнејата завршува во петок и сабота со посетата на блискоисточниот американски сојузник саудиска Арабија, Ријад последните месеци изразува засилена загриженост поради нуклеарните преговори кои шесте светски сили ги водат со Иран, традиционалниот саудиски ривал во регионот. Исто така, Саудиска Арабија остро го критикуваше Вашингтон оценувајќи дека не им пружа доволно помош на сириските сунитски бунтовници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.