Американскиот претседател Барак Обама побарал од претседателот Виктор Јанукович да ги повлече силите од центарот на Киев. Во соопштението од Белата куќа Обама порачува дека САД бара украинската војска да не се меша, туку проблемот да се реши политички.
-Шокирани сме од фотографиите од кои се гледа дека безбедносните сили од автоматско оружје пукаат во сопствениот народ, се вели во соопштението. Обама нагласил дека властите во Украина мора го почитуваат правото на протест и дека демонстрациите треба да бидат мирни.
Американскиот претседател потенцира дека ќе се заложи за мирен дијалог за да се намалат тензиите во Украина, порачувајќи дека САД ќе соработува со партнерите во Европа за да се казнат одговорните за насилството.
Според последните информации во Киев во последните три дена загинале 67 луѓе, а опозицијата тврди дека само денеска животот го загубиле 70 луѓе.