По направена безбедносна проценка, на доскорешниот министер за здравство, Венко Филипче, му е продолжено личното обезбедување за уште шест месеци.
„Не е вистина дека сум имал закани по живот, ниту дека сум барал обезбедување и возач. Обезбедувањето ми е продолжено по проценка на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) на уште шест месеци“, изјави поранешниот министер за здравство, неврохирургот Венко Филипче, по наводите во медумите дека добивал закани по живот.
Претходно, дел од медиумите повикувајќи се на високи извори од Министерството за внатрешни работи, објавија дека Филипче имал смртни закани и самиот побарал полициска заштита.