Семејната куќа на бившиот премиер Иво Санадер на улицата „Козарчева“ во Загреб, поточно влезната врата на дворот, се најде на удар на непознат провалник, кој во средата помеѓу 9 и 9:30 часот, од се уште неутврдена причина го „посетил“ имотот на Санадер.
Кој е човекот и што точно барал истражните органи се уште се трудат да откријат, а полицијата добила дојава за провалата околу пладнето.
Од полицијата ја потврдуваат веста за неуспешниот обид за кражба на имотот на Санадер.
Утврдено е дека провалникот ја скршил бравата на влезната врата во дворот
Според претпоставките, после некое време, откако сфатил дека не може да влезе во добро заклучената куќа, го напуштил имотот со празни раце.
Целата мистериозна „операција“ снимена е од неколку камери поставени во самата куќа како и од неколку соседни куќи.