Венко Филипче: Обидот да се етикетира гневот на народот дека опозицијата ги организира протестите е навреда на луѓето што протестираат, власта покажува целосно отсуство на емпатија кон сопствениот народ и наместо да бара решенија ја сведува јавната болка на политички пазар. „Гледам како провладини профили водат наратив дека опозицијата ги организира протестите. Со ова не само што ги навредуваат луѓето што протестираат, туку и покажуваат целосно отсуство на емпатија кон сопствениот народ. Наместо да преземат одговорност и да бараат решенија, тие повторно бегаат од вистинските проблеми и ја сведуваат јавната болка на политички пазар.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.