Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Објавен меѓународен тендер за чистење на линданот во ОХИС

0
By Нова ТВ on October 16, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓународен тендер за избор на технологија за отстранување на линданот и неговите изомери од кругот на фабриката ОХИС во Скопје е објавен вчера и се очекува да биде отворен до 11 ноември, соопштија од Македонското еколошко друштво.

Оттаму наведуваат дека проектната канцеларија за неразградливи органски загадувачи (POPs) во изминатиот период ја комплетираше документацијата за објавување повик за меѓународен тендер од страна на Организацијата на ОН за индустриски развој (УНИДО), агенцијата одговорна за спроведување на проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и линдан во ОХИС“, со цел да се избере најдобро решение/технологија за деконтаминација на малата депонија со HCH отпад сместена во кругот на поранешната фабрика ОХИС во Скопје.

Тендерот е објавен на 15.10.2019 година на официјалната веб-страна на УНИДО на следниот линк, а периодот за доставување на понуди ќе трае до 11 ноември 2019 година.

Од Канцеларијата за перзистентни органски загадувачи при Министерството за животна средина и просторно планирање појаснуваат дека по пристигнувањето на понудите, ќе биде формирана комисија од страна на УНИДО, составена од меѓународни и национални експерти, која ќе ја избере најдобрата понуда, а по што ќе следат активности за започнување со работа на терен, односно обезбедување потребна документација, обезбедување нпросторот и превентивни мерки за заштита на околината и конечно започнување со чистењето.

Со чистењето на локациите контаминирани со HCH и со другите придружни загадувачи, ќе се намали и елиминира емисијата на овие загадувачи во околината. Исто така, ремедијацијата на контаминираните локации во ОХИС ќе овозможи услови за ревитализација на земјиштето, односно негово повторно користење за индустриски намени со што ќе се креира позитивен амбиент за привлекување инвестиции во оваа област, а кои ќе резултираат и со можности за нови вработувања.

Македонското еколошко друштво (МЕД) е носител на активностите за подигнување на јавната свест за влијанието на линданот врз човековото здравје и состојбата на животната средина и процесот за неговото отстранување од ОХИС и правилно справување. Овие активности се спроведуваат во координација со Канцеларијата за неразградливи органски загадувачи (POPs) на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) а во рамки на повеќегодишниот проект „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и линдан во ОХИС, 100122“, финансиран од Глобалниот еколошки фонд (GEF) и имплементиран преку УНИДО со национална контрибуција од страна на Владата на Република Северна Македонија.

По изборот на фирма понудувач од страна на меѓународната изборна комисија, од МЕД посочуваат дека ќе продолжат со активностите за информирање на јавноста и локалното население, за начинот на отстранување на HCH отпадот од малата депонија во дворот на поранешната фабрика ОХИС преку организирање на повеќе јавни настани.

Најжешката еколошка точка во Македонија

Со години наназад се посочува дека над 30.000 тони екстремно опасен отпад е несоодветно складиран на депонијата во фабриката ОХИС во Скопје и ги труе граѓаните.

Овој отпад содржи линдан, токсичен пестицид и инсектицид, кој е ставен во групата на канцерогени супстанци. Тој се сврзува и со честичките ПМ10 и се разнесува насекаде по почвата.

“Оваа депонија е утврдена како „најжешката еколошка точка“ во Македонија, наведена и на светските еколошки мапи.

Депонијата на ОХИС е создадена од средината на седумдесеттите години, кога употребата на линданот била забранета. Дотогашното производство од 13.000 тони е оставено на отворено, без претходна подготовка на подлогата. Оставено е на земја. Неколку години подоцна, поради неподносливата миризба на пестицидот, депониите се покриени со околу 20.000 тони земја. Па сега таму опстојува над 30.000 тони опасен отпад! Загадени се подземните води, истовремено ветерот ја разнесува прашината во воздухот. Линданот се сврзува и со честичките ПМ10, а се разнесува и насекаде по почвите.

Со норвешка помош ќе се отстранува линданот од Охис

Во декември лани, Министерството за животна средина испрати допис до Министерството за образование и наука да не се организираат екскурзии и на Пеленица, Драчево, местото за кое има сомневање дека се наоѓа необележана депонија со канцерогениот линдан кој потекнува од фабриката ОХИС.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.