Четворица Португалци, тројца Германци и по двајца фудбалери од Франција и Велс се дел од Најдобриот тим кој произлезе од Европското првенство во фудбал кое се одржа во Франција а на кое шампион за прв пат во историјата стана Португалија.
Голманот на Португалија, Руи Патрисио е најдобриот голман на Првенството, додека во одбраната друштво му прават Џошуа Кимик и Жером Боатенг од Германија и Пепе и Рафаел Гереиро од Португалија.
Најдобрите фудбалери од средниот ред доаѓаат од Германија, Тони Крос, и двајца Велшани, Џо Ален и Арон Ремзи.
Нападот на Европското првенство 2016 го сочинуваат првиот голгетер на турнирот, Антоан Гризман и Дмитри Паје од Франција, и Кристијано Роналдо, капитенот кој ја предводеше Португалија до големото финале на Стад де Франс.
Овој тим е избран од страна на 13-члена комисија предводена од Иоан Лупеску а во неа беа вклучени и Сер Алекс Фергусон, Саво Милошевиќ, Герет Саутгејт, Томас Шаф, Алан Жирес, Дејвид Мојс, Пеки Бонер, Мичу Пателаинен, Питер Радбек, Жан-Франсоа Домерж, Жине Меленде и Жан-Пол Бригер.