Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Објавен „Песочен часовник“ на Киш на издавачката куќа “Блесок”

0
By Нова ТВ on May 8, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со поддршка на Програмата за култура на ЕУ, во превод од српски на Катица Гароска Ацевска, издавачката куќа “Блесок” го објави романот ремек-дело на Данило Киш, „Песочен часовник“, како четириесетти наслов во престижната едиција с.р. (современ роман / своерачно) а и како електронска книга.

Данило Киш (1935-1989) поет, раскажувач, драмски писател, преведувач со огромна енергија и ерудиција кого Милан Кундера го нарекол величествен, а Салман Ружди го вброил меѓу десетте најголеми европски романописци. Преведуван е на многу светски јазици и добитник на многубројни меѓународни признанија и награди. За романот Песочен часовник, објавен во 1972 година ја добил НИН-овата награда која неколку години подоцна ја вратил.

Романот Песочен часовник, роман за траумата на холокаустот, се смета за ремек-дело на Данило Киш. Во овој роман се среќаваат истите ликови и епизоди како во останатите две дела од трилогијата за еврејското семејство Сам (Бавча и пепел, Рани јадови), но овој пат фокусот е на ликот на таткото. Во шеесет и седум фрагменти поделени во поглавја чии наслови се повторуваат (Слики од патување, Белешки на еден лудак, Истражна постапка и Испитување на сведокот) евоциран е животот на Е.С. без некакво временско растојание. Неговите размислувања, сеќавања и сништа прикажани се во нивниот жив тек.

Песочен часовник е роман со извонредна реконструктивна сила во кој низ судбината на таткото на семејството се пресликува логорската историја на XX век. Романот претставува голема сага на современата книжевност за потрага по таткото, по сопствениот идентитет и по можноста за сознавање на својот свет и на неговата историја. Заднината на сето тоа е геноцидот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.