Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Објавена музичката програма за Вевчанскиот карневал

0
By Нова ТВ on January 4, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од 12. до 14. јануари во Вевчани ќе се одржи Вевчанскиот карневал. Со оваа манифестација, Вевчани во својот автентичен и мистичен дух, повторно прераснува во голема отворена сцена подготвена од вевчанските василичари на карневалот познат ширум светот по неговата архаичност и како најголемиот европски фестивал на сатирата!

„Карневалот е уникатен по тоа што успева народните традиции да ги спои со една отворена критичка култура којашто Вевчанци ја негуваат“ – изјави министерот за култура, Роберт Алаѓозовски на прес-конференцијата која денеска се одржа по повод Вевчанскиот Карневал, а на која беше презентирана и музичката програма која ќе го збогати настанот и василичарската прослава во Вевчани.

Прославата на најстариот театар на отворено ќе започне во петок, на 12. јануари со забавниот дел од музичката програма во чии рамки ќе настапат групите Фолтин и Pluto’s Doubts, а кулминацијата на вечерта е загарантирана со диџеј сетот на Кирил Џајковски.

Во сабота, на 13. јануари, вечерта во пресрет на дочекот на Новата година по стариот календар, посетителите ќе имаат прилика да уживаат и во настапите на Џамбо Агушев Оркестар, Блага Петреска и Чалгија Саунд Систем. Саботното попладне пак е резервирано за традиционалното дефиле на учесниците во карневалот кои ќе ги презентираат своите василичарски маски.

„Вевчанскиот карневал сам по себе е уникатен и единствен. Учесниците во карневалот ја имаат сета слобода низ креативноста и импровизацијата да ги изразат чувствата за критика и иронизирање на општествените процеси во изминатата година. Со акумулираната енергија која кулминира во деновите на дочекот на новата година по стариот календар, Вевчани станува театар на отворено и неформален центар на сатирата“ – изјави Сашо Јанкоски, градоначалникот на Општина Вевчани.

Карневалот во Вевчани е една од најпознатите карневалски манифестации на Балканот која се негува повеќе од  1.400 години и кој според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски.

„Вевчани не е ниту село, ниту град, ниту република, туку Вевчани е пред сѐ приказна којашто ја прави токму Вевчанскиот Карневал. Тој е еден тотален театар во кој Вевчанците, но и тие кои се непосредно присутни таму можат да ја почувствуваат тоталната слобода“ – истакнува Симун Лешоски, професор и уметник кој е меѓу другото и автор на вевчанските личници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.